Израелските сили убиле најмалку 24 Палестинци во три одделни воздушни напади врз градот Газа, соопштија здравствените власти.
Во исто време, тенковите навлегоа уште подлабоко во Рафа, на југот на Појасот Газа.
Лекарите соопштија дека две училишта во Газа биле погодени во два напада, при што загинале најмалку 14 лица.
Целта на третиот напад била куќа во кампот Шати, еден од осумте бегалски кампови во Појасот Газа. Во тој напад загинале 10 лица, пишува Ројтерс.
Куќата во Шати му припаѓала на поширокото семејство на политичкиот шеф на Хамас Исмаил Ханија, кој живее во Катар. Членовите на семејството и медицинските лица изјавија дека се убиени неговата сестра и други роднини.
Ханије, која ја предводи дипломатијата на групата Хамас и ја претставува милитантната група која управува со Газа во јавноста, изгуби многу роднини во израелските воздушни напади од 7 октомври, меѓу кои и тројца синови, потсетува Ројтерс.
Видете и ова: Израел продолжи со нападите врз ГазаИзраелската војска соопшти дека нејзините сили целеле на милитантите во Газа кои биле вклучени во планирањето напади врз Израел.
Во соопштението се додава дека меѓу нив има и такви кои учествувале во држење заложници во заробеништво и некои кои учествувале во прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Војната во Појасот Газа започна кога милитантите на Хамас, организација означена како терористичка организација од Соединетите Држави и Европската Унија, изврши напад без преседан врз Израел на 7 октомври, при што според израелските власти загинаа околу 1200 луѓе, главно цивили.
Хамас киднапираше и околу 250 луѓе.
Израел потоа започна офанзива на Газа во која досега загинаа речиси 37 600 луѓе, според локалното Министерство за здравство, кое е под контрола на Хамас.