Ребаланс на буџетот во втората половина од јули, и речиси сто милиони евра за општините во првата половина од август, се плановите на новата Влада, најави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ 24. Тој посочи дека голема е веројатноста, како што вели, првите 100 милиони евра да се распределат кон општините за над 150 проекти кои се подготвени.
„Утре имаме состанок и ќе работиме на оваа проблематика“, изјави Мицкоски.
Видете и ова: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе пополнува дупки во локалните буџетиВо интервјуто тој ја најави инвестицијата за ветерниот парк во вредност од над 400 милиони евра за која очекува дека ќе донесе приход од 100 милиони евра, а за која како што вели не се потребни дополнителни закони.
Проектот за развој на парк на ветерници во земјава е инвестиција на Алказар Енерџи вредна над 500 милиони долари. Ветерниот парк ќе биде изграден меѓу трите општини, Карбинци, Штип и Радовиш.
Прашан за договорот со со Бехтел и Енка, Мицкоски рече дека никогаш не кажал дека ќе го раскине, но вели, дека е спремен за нови преговори за подобрување на проектот.
„Ваков каков што е проектот, тој што им го ветувал не може да го заврши. Очигледно е дека дури и со оние шверцерски закони со злоупотреба на европското знаменце не помагаат. Наш приоритет се граѓаните и ако тие протестираат, ние сме зад нив. Ние имаме предлог да се променат дел од тие делници за да можеме договорот кој е потпишан под тие услови да го реализираме во периодот за кој е предвиден да се реализира“, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека е подготвен да разговара со преставниците на конзорциумот, но, како што вели, ваков каков што е проектот не може да помине.
Видете и ова: Коцевски: Наскоро јавнообвинителска одлука за „Бехтел и Енка“Талат Џафери денеска му ја предаде функцијата на новиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски чија Влада синоќа, пратениците во Собранието ја избраа со 77 гласа „за“.
Со Мицкоски на премиерската позиција, во Владата ќе има 23 министри, а од нив пет ќе бидат и вицепремиери. 16 од членовите на владиниот кабинет, вклучувајќи го и премиерот, се од редовите на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шестмина се од коалицијата „Вреди“ (ВЛЕН) и двајца од политичката партија ЗНАМ.