Киев: Москва ги засили нападите со забранета хемиска муниција

Илустрација, воениот конфликт во Украина

Илустрација, воениот конфликт во Украина

Украина ја обвини Русија за засилување на нападите на фронтот со употреба на забранети опасни хемикалии, последно во серијата наводи за злоупотреба на бојното поле.

Москва и Киев се обвинуваат меѓусебно за извршување воени злосторства и распоредување на забранета хемиска муниција во текот на руската војна во Украина, која сега е трета година.

Украинската војска на 24 јуни соопшти дека во мај регистрирала 715 случаи на употреба на муниција што содржела „опасни хемиски соединенија“ од страна на руските сили. Во нивното соопштение е наведено дека таа бројка претставува зголемување од 271 случај во споредба со месецот претходно.

Видете и ова: Русија ги обвини САД за украинскиот ракетен напад врз окупираниот Крим

Во видеообраќање во саботата (на 22 јуни), украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од меѓународните партнери да ги зајакнат капацитетите на Украина за воздушна одбрана.

„Современи системи за противвоздушна одбрана за Украина, како што е системот ’Патриот‘, забрзана обука на нашите пилоти за авионите Ф-16 и што е најважно, доволен дострел на нашето оружје – тоа навистина ни треба“, побара Зеленски.