Унгарскиот фудбалер Варга чека операција по тешката повреда

Фудбалерите на Унгарија позираа за групна фотографија пред натпреварот

Унгарскиот напаѓач Барнабас Варга треба да биде подложен на операција во понеделникот, откако се здоби со тешка повреда во текот на натпреварот против Шкотска откако се судри со голамнот Ангус Ган. Тој има скршени неколку коски на лицето по судирот со голманот на Шкотска за време на натпреварот на Европското првенство.

Натпреварот од групата А во неделата беше прекинат на речиси 10 минути за да може Варга да добие третман откако се судри со Ангус Ган на средината на второто полувреме.

29-годишниот Варга беше изнесен на носилки од теренот, по што беше однесен во болница во Штутгарт. Операцијата е закажана за понеделник попладне. Неговиот агент потврди дека Варга има скршеници на коските на лицето, меѓу кои и јаболчната коска, како и потрес на мозокот.

„Тој е добро, свесен и чека да биде опериран“, изјави портпаролот на тимот Герго Сабо за новинскатаа агенција Асошиетед прес.

Навивачите на ЕУРО 2024 - некои се радуваа а некои беа тажни, секако сите добро се забавуваат

„Тој ќе мора да помине неколку дена во болница, но би било неодговорно да се каже нешто сега“, додаде тој.

Унгарија продолжи со натпреварот при што победи со 1-0.

Неколку од соиграчите на Варга беа видно вознемирани за време на медицинскиот третман што го доби Варга на теренот.