Хоспитализирани седум случаи со голема кашлица изминатава недела

Илустрација

Нови 41 случај на пертусис познато како голема кашлица, се евидентирани во изминатава недела, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ). Статистичките податоци на ИЈЗ се за период од 14 до 20 јуни.

Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје - 31, седум случаи се евидентирани од Куманово, два од Тетово и еден случај од Македонски Брод. Возраста на заболените се движи од еден месец до 81 година, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години.

Видете и ова: Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, расте бројот на заболени

Од новите, седум случаи или 17,1 отсто се хоспитализирани, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Заклучно со 20 јуни во земјава се регистрирани вкупно 786 случаи на голема кашлица, со инциденца од 42,8/100.000 жители.

Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период - 2019-2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи, се наведува во извештајот на ИЈЗ.