Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг изјави дека безбедноста и стабилноста се геостратешка цел на Европската Унија и поради тоа идејата за проширување на Унијата мора да се турка напред.
Пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите - членки на ЕУ, што се одржува во Луксембург, тој рече дека Австрија се залага за концептот на постепена интеграција.
„Значи, не мора секогаш да биде полноправно членство, но можете да се движите кон него чекор по чекор без да ја жртвувате крајната цел на полноправно членство. Досега имавме начин на размислување - или полноправно членство или ништо. И кажувам, на пример, тоа нас не спречува некои држави од Западен Балкан да ги вклучиме во трансевропската мрежа“, додаде Шаленберг.
Видете и ова: Шефовите на дипломатиите од Западен Балкан на заседание на Советот за надворешни работи на ЕУ во ЛуксембургИнаку денеска (24 јуни) во Луксембург, шефовите на дипломатиите на земјите од Западниот Балкан учествуваат на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ (ФАК), во делот на кој се разговара за состојбата во регионот.
Како што соопшти белгиското претседателство со ЕУ, во делот од состанок на ГАК посветен на Западниот Балкан, министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата ќе разменат мислења со нивните колеги од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово.
Покрај за Западниот Балкан, Советот за надворешни работи ќе расправа и за руската агресија врз Украина, состојбата на Блискиот Исток, случувањата во Грузија и за соработката со земјите од Регион на Големите езера во Африка.