Преку ден топло до 39 степени, попладне можен пороен дожд

Од понеделник ќе има постепено опаѓање на дневната температура.

Сончево и многу топло време со мала облачност најавува Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска, 23 јуни. Максималната температура во текот на денот се очекува да достигне до 39 степени.

Попладне, пак, во одредени делови од државата ќе има пороен дожд и грмежи, но и услови за невреме со интензивен дожд, силен ветер и град.

Видете и ова: Временска прогноза: Сончево и многу топло со температура до 40 степени

И во делови од скопската котлина се очекуваат врнежи проследени со грмежи и ветер.

Според УХМР, и од понеделник во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи. Топлото време ќе се задржи, но со постепено опаѓање на дневната температура.