Израелската војска продолжи со нападите врз Газа во саботата, откако Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека 22 лица загинале во гранатирање што ја оштетило неговата канцеларија на опколената палестинска територија.
Размената на оган преку либанската граница меѓу Израел и моќната милитантна група Хезболах поддржана од Иран, исто така, ескалираа во последниве недели, зголемувајќи ги стравувањата од проширување на војната.
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш на 21 јуни рече дека прекуграничните непријателства не смеат да го претворат Либан во „уште една Газа“, предупредувајќи на ризикот од предизвикување „незамислива“ катастрофа.
Видете и ова: Израел ги засилува бомбардирањата низ ГазаНеговото предупредување дојде откако Израел ги засили своите напади во Појасот Газа, каде што болницата во градот Газа објави најмалку 30 мртви во петокот.
Борбите продолжија утрото на 22 јуни, при што сведоците пријавија судири меѓу милитантите и израелските сили во градот Газа.
Во градската населба Зејтун, израелски хеликоптери пукаа врз милитантите, изјавија очевидци.
Во меѓувреме, израелската војска соопшти дека војниците продолжиле да спроведуваат операции во централна Газа „елиминирајќи неколку вооружени терористи и уништувајќи терористичка инфраструктура во областа“.
„Воени авиони и дополнителни авиони нападнаа голем број терористички цели во Појасот Газа, вклучувајќи вооружени терористи, складишта за оружје и дополнителна терористичка инфраструктура“, се додава во нивното соопштение.
„Тежок и брутален ден“
Во јужниот дел на Газа, Меѓународниот комитет на Црвениот крст на 21 јуни објави дека 22 мртви тела и 45 ранети лица биле префрлени во теренската болница на Црвениот крст откако биле гранатирани „проектили од тежок калибар“ во близина на канцеларијата на хуманитарната организација во Газа.
Министерството за здравство на територијата со која владее Хамас го обвини Израел за гранатирањето, велејќи дека во нападот загинале 25 луѓе, а 50 се повредени во јужната крајбрежна област Ал-Маваси, каде што илјадници раселени луѓе се засолнети во шатори.
На северот на Појасот, територијалното Министерство за здравство соопшти дека директорот на болницата Ал-Ахли во градот Газа пријавил 30 мртви во воздушните напади.
Портпаролот на Агенцијата за цивилна одбрана Махмуд Басал изјави дека пет општински работници загинале кога била бомбардирана гаража во градот.
Видете и ова: ОН: Тројно е зголемен бројот на деца убиени во воени судириИзраелската инвазија на Газа започна откако милитантите на Хамас од палестинска територија го нападнаа јужен Израел на 7 октомври. Во нападот загинаа 1.194 луѓе, од кои повеќето цивили, според извештајот на Агенцијата Франс Прес заснован на официјални израелски податоци.
Милитантите зедоа и повеќе од 100 заложници.
Во повеќемесечната израелска офанзива, според Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на милитантите на Хамас, загинале најмалку 37.431 лице, исто така главно цивили.
Војната уништи голем дел од инфраструктурата на Газа и ги остави жителите без храна, гориво и други основни работи.