Вучиќ бара од Макрон прашањето за Косово да е високо на ЕУ агендата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во телефонски разговор со претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека е важно решавањето на косовското прашање да остане високо на агендата на Европската унија.

„Со силен дипломатски ангажман насочен кон конечна реализација на Договорот од Брисел и формирање на Заедницата на српски општини, како основа за градење одржлив мир и гарантирање на безбедноста на српскиот народ“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Вучиќ рече дека со францускиот претседател разговарал за „горливите прашања“ во регионот.

„Нагласив дека застапувањето за дијалог останува основата на политиката на Србија во регионалните односи и најважниот фактор за решавање на тешките прашања со кои се соочуваме сите нас“, додаде Вучиќ дека разговарале и за актуелните политички промени во европските и глобалните рамки нивното можно влијание врз Србија.

Видете и ова: Вучиќ и Курти ќе се сретнат на 26 јуни во Брисел


Според него, тема била и решавањето на итните прашања во врска со регионалната безбедност и економската стабилност.

Србија и Косово водат дијалог за нормализација на односите под покровителство на Европската унија.

Сепак, има забележително задоцнување во тој процес.

Лидерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти, оваа година првпат ќе се сретнат на 26 јуни во Брисел.

Последен пат се сретнаа на 14 септември минатата година, кога во Брисел и Охрид разговараа за спроведувањето на договорот што го постигнаа претходно во 2023 година.

Таа средба беше неуспешна.