Времето ќе биде многу топло, гужва е на граница, за излез се чека до еден час

Илустрација

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност со слаб до умерен северен ветер. UV=9

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со слаб ветер од северен правец.

И утре се предвидува дека ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и многу топло со слаб до умерен северен ветер слично на денешното.

Од утрово поради продолжениот празничен викенд на граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце има зголемена фреквнција за излез од Северна Македонија, времето на чекање е околу 30 - 45 минути, информираат утрово од АМСМ.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.