Иранската добитничка на Нобеловата награда за мир Наргес Мохамади, која е во затвор, е осудена на уште една година затвор поради нејзиниот активизам, објави нејзиниот адвокат на 19 јуни.
Адвокатот Мостафа Нили за новинската агенција „Асошиетед прес“ изјави дека таа е осудена за „пропаганда против системот“.
Нили вели дека казната е донесена откако Мохамади ги повика гласачите да ги бојкотираат неодамнешните парламентарни избори во Иран, испрати писма до пратениците во Европа и коментираше за тортурата и сексуалната злоупотреба што ги претрпе ирански новинар и политички активист.
Видете и ова: Пред изборите во Иран, одекнува истиот рефрен: Која е поентата да се гласа?Мохамади се наоѓа во озлогласениот затвор „Евин“, во кој се сместени политички затвореници и затвореници поврзани со Западот.
Таа веќе издржува 30-месечна казна, на која во јануари доби дополнителни 15 месеци.
Последната пресуда од уште една година, го одразува гневот на иранската теократија поради тоа што таа ја доби Нобеловата награда за долгогодишен активизам во октомври минатата година.
Мохамади е 19-та жена што ја доби Нобеловата награда за мир и втора Иранка, откако лауреатка во 2003 година беше активистката за човекови права Ширин Ебади.
Оваа 52-годишната жена, и покрај бројните апсења и годините зад решетки, продолжи со својот активизам.