Наредник на американската армија, кој наводно ги прекршил воените прописи, доби затворска казна од три години и девет месеци затвор во Русија. Тој беше обвинет за наводен напад и закани, а пресудата ја изрече судот на Далечниот Исток на Русија.
Војникот, Гордон Блек (32), се изјасни за невин пред судот, но призна дека ја удрил жената, Александра Вашчук, откако, како што вели, таа пијана го нападнала и се обидела да го спречи да замине.
Руските обвинители бараа затворска казна од речиси пет години.
Видете и ова: Пентагон: Притворениот американски војник во Русија ги прекршил воените правилаИсто така, во граѓанската постапка поврзана со овој случај, војникот треба да плати и околу 115 долари на Александра Вашчук.
Адвокатот на Блек рече дека неговиот клиент тврди оти е невин и најави жалба на пресудата.
Американските власти соопштија дека војникот Гордон Блек отпатувал во Русија преку Кина од Јужна Кореја, каде што бил распореден, но за тоа не ги известил своите претпоставени.
Во периодот кога беше уапсен Блек на почетокот на мај, руските власти соопштија дека во друг одделен случај привеле уште еден американски државјанин, идентификуван како Вилијам Расел Никум, под обвинение за „ситено хулиганство“ и алкохол.
Русија во своите затвори држи и други американски граѓани за кои Вашингтон смета дека се затворени неправедно или врз основа на сомнителни обвиненија.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Меѓу нив се и новинарката на РСЕ, Алсу Курмашева, новинарот на Вол Стрит Журнал, Еван Гершкович и поранешниот маринец Пол Вилан.
Руското Министерство за надворешни работи инсистира дека случаите на Блек и Никум не се политички.
Стејт департментот од септември лани упатува совети до Американците да избегнуваат патување во Русија.