На 18 јуни, американскиот претседател Џо Бајден ја објави една од најсеопфатните програмa за легализација во поновата историја, која нуди пат до државјанство за стотици илјади имигранти кои нелегално живеат во Соединетите држави.
Одлуката е во целосна спротивност со плановите на републиканскиот ривал Доналд Трамп за масовни депортации, според Ројтерс.
„Можеме да го поправиме ова. Тоа го правам и денес“, изјави Бајден од Белата куќа, зборувајќи за напорите за легализирање на престојот на оваа категорија мигранти.
Програмата ќе биде отворена за околу 500.000 сопружници кои живееле во САД најмалку 10 години од 17 јуни, се вели во соопштението на Белата куќа и американското Министерство за домашна безбедност.
Државјанство ќе имаат и околу 50.000 деца помлади од 21 година кои имаат родител американски државјанин.
„Овие мерки ќе го промовираат семејното единство и ќе ја зајакнат нашата економија“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Бајден, демократ кој се кандидира за втор мандат на претседателските избори во ноември, ја презеде функцијата ветувајќи дека ќе промени многу од рестриктивните имиграциски политики на неговиот претходник Трамп, кој ,исто така, сака да се врати во Белата куќа.
Но, соочен со рекордниот број на апсења на мигранти на границата меѓу САД и Мексико, Бајден го заостри својот пристап во последниве месеци.
На почетокот на овој месец, Бајден им забрани на повеќето мигранти кои ја преминуваат границата меѓу САД и Мексико да бараат азил, политика што ја отсликуваше сличната забрана за азил од времето на Трамп и наиде на критики од застапниците за имиграција и некои демократи.
Планираната програма на Бајден за легален престој за сопружници на американски државјани би можела да ја зајакне неговата кампања во кампањата дека поддржува похуман систем за имиграција и да покаже дека се разликува од Трамп, кој долго време зазема тврд став за легалната и илегалната имиграција.