На глобално ниво, во текот на 2023 година, деветте нуклеарни сили продолжија да ги модернизираат своите нуклеарни арсенали и сè повеќе се потпираа на нив како одвраќање, наведе шведскиот аналитички центар во новиот извештај објавен на 17 јуни.
Ден Смит - директор на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ), рече дека вкупниот број на нуклеарни боеви глави на глобално ниво продолжува да се намалува бидејќи оружјето од времето на Студената војна постепено се демонтира.
Сепак, како што додаде тој, се уште има зголемување на бројот на оперативни нуклеарни боеви глави од година во година.
„Изгледа дека тој тренд ќе продолжи и веројатно ќе се забрза во наредните години, што е многу загрижувачки“, додаде Смит.
Видете и ова: Столтенберг - НАТО разговара за ставање на нуклеарното оружје на готовностПретходно во јуни Русија и нејзиниот сојузник Белорусија ја започнаа втората фаза од вежбите за тактичко распоредување на нуклеарно оружје. Според аналитичари, Кремљ го прави ова за да го обесхрабри Западот да ја зголеми својата поддршка за Украина.
Одделно, Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ИСАН) во извештајот објавен на 17 јуни наведе дека деветте нуклеарни сили потрошиле вкупно 91,4 милијарди долари на нивните програми за нуклеарно оружје во 2023 година.
ИСАН наведе дека бројките покажуваат зголемување од 10,7 милијарди долари на глобалните трошоци за нуклеарно оружје во 2023 година во споредба со претходната. Во исто време, на САД отпаѓаат 80 отсто од тоа зголемување.
Уделот на САД во вкупната потрошувачка од 51,5 милијарди долари, е поголем од оној на сите други нуклеарни сили заедно. Следната земја која најмногу потрошила е Кина со 11,8 милијарди долари, соопшти ИСАН додека Русија е на трето место со 8,3 милијарди долари.
Во својот извештај СИПРИ процени дека околу 2.100 распоредени боеви глави се на висока оперативна готовност на балистички ракети и дека речиси сите им припаѓаат на Русија или на САД.
Сепак, се верува дека за прв пат и Кина има одреден број боеви глави во висока оперативна готовност.
Видете и ова: Русија започна со вежби за тактичко нуклеарно оружје во близина на украинската границаРусија и САД заедно поседуваат речиси 90 отсто од нуклеарното оружје, објави СИПРИ.
Големините на нивните воени залихи се чини дека останаа релативно стабилни во 2023 година, иако се проценува дека Русија распоредила околу 36 боеви глави со оперативни сили повеќе отколку во јануари 2023 година.
СИПРИ предупреди дека транспарентноста во врска со нуклеарните сили е намалена во двете земји по руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година и дека дискусиите за спогодбите за споделување нуклеарно оружје добиле на значење.
Вашингтон го прекина својот билатерален дијалог за стратешка стабилност со Русија, а минатата година Москва објави дека го суспендира своето учество во новиот нуклеарен договор СТАРТ.