Филипински брод се судри со кинески брод во Јужното Кинеско Море, недалеку од островите за кои двете земји имаат спор, соопшти кинеската крајбрежна стража на 17 јуни.
„Филипнскиот брод за снабдување игнорираше бројни предупредувања од кинеска страна, се приближи до кинескиот брод на непрофесионален начин и предизвика судар“, се вели во соопштението.
Филипинскиот брод илегално влегол во водите во близина на гребенот на островите Спретли или Нанша, тврди кинеската страна.
Видете и ова: Филипините поднесоа жалба до ОН поради споровите со Кина во Јужното Кинеско МореФилипинската војска денеска ги отфрли тврдењата на кинеската крајбрежна стража за судир во Јужното Кинеско Море како „лажни и погрешни“.
„Нема да ги поздравиме лажните и погрешни тврдења на кинеската крајбрежна стража“, соопштија вооружените сили на Филипините.
Кина има претензии за речиси целото Јужно Кинеско Море, вклучувајќи ги водите и островите во близина на брегот на неколку соседи, и покрај пресудата на меѓународниот суд во 2016 година.