Четворица загинати во бомбашки напад во северозападен дел на Пакистан

Пакистан

Четворица патници загинаа, а двајца се ранети во експлозија на бомба покрај пат во пакистанската северозападна провинција Хајбер Пахтунхва на 16 јуни.

Инцидентот се случи во немирната племенска област Курам.

Претставниците на окружната служба за итни случаи изјавија за Радио Машаал дека сите жртви се членови на едно семејство.

Видете и ова: Пакистан соопшти дека четворица се убиени откако иранската гранична полиција отвори оган

Двајцата ранети се згрижени во воената болница во Пешавар. Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.

Курам има историја на секташко насилство.