Франција, Германија и Велика Британија ги осудија најновите нуклеарни мерки на Иран

Илустрација

Франција, Германија и Велика Британија ги осудија „најновите мерки“ на Иран на 15 јуни, откако Организацијата за атомска енергија на Обединетите нации соопшти дека земјата ги проширува своите нуклеарни капацитети.

Тројца сојузници рекоа дека потезите на Иран го поткопуваат историскиот нуклеарен договор од 2015 година, откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во четвртокот соопшти дека земјата ги зајакнува капацитетите за збогатување на две локации.

„Овие мерки уште еднаш ќе ги зголемат залихите на збогатен ураниум и капацитетот за збогатување на Иран, чии нивоа веќе ги надминаа границите утврдени со договорот од 2015 година“, се вели во заедничката изјава на министерствата за надворешни работи на Франција, Германија и Велика Британија.

Осудата дојде повеќе од една недела откако земјите поднесоа резолуција на состанокот на одборот на гувернери на МААЕ, во која се критикуваше недостатокот на соработка на Техеран со нуклеарните чувари, што е прв таков потег од ноември 2022 година.

Видете и ова: Иран одобри шест претседателски кандидати, меѓу нив и шефот на парламентот

Иран ја осуди резолуцијата како „избрзана и немудра“.
Техеран негира дека сака да развие нуклеарно оружје, велејќи дека иранската атомска програма е за мирољубиви и цивилни цели.

Германија, Франција и Британија рекоа дека е неприфатливо Иран да ги претстави сопствените мерки како реакција на резолуцијата.

Тие ја повторија својата посветеност на дипломатско решение што ќе го спречи Техеран да развие нуклеарно оружје.

Според МААЕ, Иран е единствената држава без нуклеарно оружје која збогатува ураниум до високо ниво од 60 проценти - само помалку од степенот на оружје - додека продолжува да акумулира големи залихи ураниум.

МААЕ соопшти дека Техеран значително ја зајакнал својата нуклеарна програма и сега има доволно материјал за да изгради неколку атомски бомби.
Исламската Република постепено се откажа од своите обврски од договорот од 2015 година што го склучи со светските сили.

Договорот обезбеди ослободување од западните санкции во замена за ограничување на иранската нуклеарна програма.

Се распадна по едностраното повлекување на Соединетите држави под тогашниот претседател Доналд Трамп во 2018 година.

Видете и ова: Иран најави промена на нуклеарната доктрина ако се почуствува загрозен

Напорите за заживување на договорот досега пропаднаа.
Исламската Република постепено се откажа од своите обврски од договорот од 2015 година што го склучи со светските сили.

Договорот обезбеди ослободување од западните санкции во замена за ограничување на иранската нуклеарна програма.

Се распадна по едностраното повлекување на Соединетите држави под тогашниот претседател Доналд Трамп во 2018 година.

Напорите за заживување на договорот досега пропаднаа.