На 26-годишна возраст почина голманот на Црна Гора, Матија Шаркиќ

Матија Шаркиќ

Црногорскиот голман Матија Шаркиќ почина на 26-годишна возраст, објави во саботата англискиот клуб Милвол, за кој настапуваше Шаркиќ.

Англискиот второлигаш не соопштува други детали.

Последниот натпревар на Шаркиќ за Црна Гора беше на 5 јуни, кога беше поразена од Белгија со 2-0.

Тоа беше негов деветти репрезентативен настап, според Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.

„Сите во клубот ја испраќаат својата љубов и сочувство до семејството и пријателите на Матија во овој неверојатно тажен момент“, соопшти ФК Милвол.

Видете и ова: ЕУРО 2024: Подгответе се за натпревари, политика и ултраси

Клубот соопшти дека во овој момент нема да дава дополнителни коментари и бара да се почитува приватноста на семејството на Матија.

Шаркиќ играше 33 пати за Милвол, клуб од Лондон, откако во август минатата година пристигна од Вулверхемптон од Премиер лигата.

Играше во младинските академии на Андерлехт во Белгија, потоа Астон Вила во Англија. Тој помина пет години во Вила пред да се приклучи на Волвс во 2020 година.