Украина е подготвена да продолжи да увезува рекордни количини електрична енергија за да го надомести недостатокот предизвикан од руската таргетирање на енергетската инфраструктура, што го десеткуваше производството на струја.
Украинскиот електроенергетски оператор „Укренерхо“ на 14 јуни соопшти дека ќе увезе 31.904 мегават часови енергија, соборувајќи го претходниот рекорд од 29.796 мегават часови поставен претходно оваа недела.
Најавата доаѓа еден ден откако украинската влада соопшти дека земјите-членки на Групата седум (Г7) се согласиле да обезбедат повеќе од милијарда долари за поддршка на енергетскиот сектор на Украина.
Видете и ова: На Украина и се заканува прекин во снабдувањето со струја по големиот руски напад врз инфраструктуратаРусија ги засили своите ракетни и беспилотни напади врз енергетската инфраструктура на Украина од март, предизвикувајќи чести прекини на струја во многу региони. Киев беше принуден да увезува струја од Европската унија за да ги задржи светилките вклучени.
Лидерите на земјите од Г7 на самитот во Италија се согласија да обезбедат заем од 50 милијарди долари за Украина. Договорот ќе ги искористи каматите и приходите од повеќе од 260 милијарди американски долари замрзнати руски средства, главно чувани во Европа.
Дополнително, американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишаа десетгодишен безбедносен договор на маргините на самитот на Г7, оценувајќи го како пресвртница во односите меѓу нивните земји.
Бајден рече дека целта „е да се зајакнат одбранбените и одвраќачките способности на Украина“.