Националниот олимписки комитет на Украина го повика Меѓународниот олимписки комитет да го забрани учеството на три борачки од Русија и една од Белорусија на претстојните Олимписки игри во Париз поради нивната поддршка на руската агресија врз Украина.
Според украинскиот олимписки комитет, спортистките ја поддржуваат војната во Украина и руската диктатура, а исто така „не исполнуваат доволно критериуми за да добијат статус на индивидуален неутрален спортист“.
Минатиот месец руската борачка Динара Кудаева на социјалните мрежи на интернет објави фотографија од нејзиниот татко, кој им се приклучил на руските вооружени сили и бил убиен додека се борел против украинските војници.
Видете и ова: Зеленски ја отфрли идејата за примирје за време на Олимписките игриКудаева го нарече својот татко „мојот херој“ и побара од нејзините следбеници на социјалната мрежа Инстаграм да му одадат почит.
На две други руски борачи, Наталија Малишева и Олга Хорошавцева, како и белоруската борачка Ирина Корачкина, им се допадна нејзината објава. Корочкина оставила и коментар со зборови на поддршка.
Украинскиот олимписки комитет забележува и дека Корочкина учествувала во пропагандни настани во 2023 година заедно со Виктор Лукашенко, синот на Александар Лукашенко. И двете се санкционирани од Канада, ЕУ, САД, Австралија, Нов Зеланд и Велика Британија за поддршка на руската агресија.