Министерството за одбрана на Азербејџан на 12 јуни соопшти дека процесот на повлекување на руските трупи од Нагорно Карабах е целосно завршен.
Повлекувањето започна во средината на април. Ерменија ги критикуваше руските мировници распоредени во Нагорно-Карабах, некогаш претежно населен со етнички Ерменци, за неуспехот да ја спречат молскавична офанзива на Азербејџан во септември 2023 година, која заврши со враќање на контролата на Баку врз регионот кој три децении беше под контрола на етничките Ерменци.
Москва допрва треба да ја потврди изјавата на Министерството за одбрана на Азербејџан.
Претходно претседателот Владимир Путин се согласи да ги повлече руските сили и граничарите од различни делови на Ерменија на барање на Ереван.
Видете и ова: Путин се согласи да ја повлече војската од неколку ерменски региониЗаминаа речиси 2000 руски мировници од регионот Нагорно-Карабах и околината, кои Азербејџан насилно ги врати во септември минатата година. Нивното излегување стави крај на долгогодишното распоредување што и даде на Москва воено упориште во стратешкиот регион на Јужен Кавказ.
Ерменија и Азербејџан со децении се расправаат за сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах, кој е дел од Азербејџан. Откако силите на Баку го вратија овој планински регион кој со години беше под контрола на етничките Ерменци, повеќето жители побегнаа во Ерменија.
Официјален Ереван го обвинува Азербејџан за етничко чистење, како и величење на антиерменскиот расизам, дозволување на антиерменски говор на омраза и уништување ерменски културни објекти. Баку ги негира овие обвинувања.