Идниот премиер Христијан Мицкоски најави дека официјалниот список со имињата на министрите заедно со програмата во вторник на 18 јуни ке ги достави до Собранието на РСМ.
Владата ќе биде со нови и реорганизирани министерства исполнети со луѓе од владеачката коалиција составена од ВМРО ДПМНЕ, Вреди и Знам. И покрај тоа што деновиве веќе се шпекулира со дел од имињата кои ќе ја сочинуваат владата, сепак Мицкоски не откри кој се е во игра за да седне во министерска фотелја.
„Предлозите на „За твоја Македонија и ВМРО ПДМНЕ“ ќе ги објавиме во недела. Партијата си има своја структура која има вертикална организациска поставеност, го почитуваме статутот и работиме по актуелните закони. Седници на извршниот и централниот комитет ќе одржиме во недела и таму ќе бидат преставени кадровските решенија со нивната биографија, очекувам членовите да се произнесат по предлозите и ако е позитивно ќе ги соопштаме веднаш на јавноста“, рече Мицкоски.
Мицкоски имаше 20 дена од добивањето на мандатот од страна на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на 6 јуни до Собранието да достави програма и предлог состав на Владата.
Претходно веќе најави дека тоа ќе се случи порано додавајќи дека се размислува кога тоа да биде и поради верските празници што доаѓаат – Курбан Бајрам (16 јуни) и Духовден (21 јуни).
Седница за избор на Владата се одржува во рок од 15 дена од приемот на предлогот. Расправата во Собранието може да трае најмногу два дена. Тој негира дека има некаков договор со ДУИ откако пратеници на оваа партија гласаа за реорганизацијата на владата. Вели дека во опозиција ќе бидат СДСМ, ДУИ и Левица.