Единствената синагога во главниот град на Ерменија била мета на напад ноќта на 10 јуни, соопшти тамошната еврејска заедница, додавајќи дека тоа е четврти таков случај од октомври лани.
Непознати лица фрлале камења кон еден од прозорците на синагогата.
Ерменските власти соопштија дека започнале истрага за нападот.
Тие претходно наведоа дека еден од нападите можеби го извршил руски турист, но не наведоа никакви детали.
Видете и ова: Блинкен: Изјавата на Хамас е „знак на надеж“Бранот антисемитски напади во светот започна во октомври минатата година, откако Израел започна воена операција во Појасот Газа против групата Хамас, која е прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ.
Израелските сили ја започна офанзивата откако милитантите на Хамас го нападнаа Израел, убивајќи 1.200 луѓе и земајќи 250 заложници.
Според Министерството за здравство на Газа, под контрола на Хамас, пак, речиси 37.000 Палестинци, главно цивили, се убиени од почетокот на офанзивата.