Русин доби 10 дена затвор зашто носел маица со украински симболи

Андреј Евсеев беше прогласен за виновен за промовирање екстремистички симболи

Судот во Москва денеска (11 јуни) осуди 59-годишен жител на 10 дена затвор затоа што носел маица со украински симболи и слоган „Слава на Украина“.

Андреј Евсеев беше прогласен за виновен за промовирање симболи кои, според одлука на Врховниот суд, се сметаат за екстремистички.

Од прес-службата на судот наведоа дека обвинетиот ја признал вината и се покајал.

Видете и ова: Одбиена жалба на затворениот критичар на Кремљ Јашин поради статусот „странски агент“

Полицијата извршила и претрес во неговиот стан откако на 8 јуни бил приведен затоа што ја носел маицата за која е осуден.

Еден ден претходно, московскиот суд за истото дело ја осуди и Викторија Мумрина. Таа доби седум дена затвор, а беше обвинета затоа што носела ѓердан со приврзок во форма на украински трозабец.