Eнергетската сигурност и зелената енергија се двата приоритета кои треба да ги надминат партиските политики смета американската амбасадорка во земјава Ангела Агелер која оваа порака ја испрати од 7. Македонски енергетски форум (МЕФ).
Таа оцени дека земјава треба да го заврши грчко-македонскиот гасовод кој ќе ги елиминира, како што рече, зависноста од Русија и заканите на одредени прекини во снабдувањето.
„Со интерконекторот Северна Македонија ќе може да гради централи со погон на гас и да ја олесни транзицијата од јаглен кон други извори, потенцира Агелер, потсетувајќи дека земјава ја има поддршката од САД за спроведување на зелената транзиција.
Мандатарот Христијан Мицкоски убедува дека енергетската ефикасност ќе биде приоритет на идната влада, но и дека завршувањето на грчко-македонскиот гасовод нема да ја комплетира сликата без дополнителни интерконектори кон централна и централно-источна Европа.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Според Мицкоски, паралелно со енергетската транзиција, земјава ќе мора да ги имаме предвид и социјалните аспекти, а ќе мора да се грижи и за загревањето, зашто и загадувањето треба да биде меѓу клучните приоритети.
„Можеби сме мали, меѓутоа сме важни кога станува збор за припојувањето со соседните земји и пазари, па често велам дека многу важен дел сме во однос на енергетската мрежа во овој дел во светот. Нашиот најголем приоритет во иднина ќе биде да ги балансираме енергетското тргување, од една страна, зашто тековно сме земја која увезува и да креираме одржливи решенија, од друга страна, да го реорганизираме нашиот пазар на електрична енергија па наместо да увезуваме, да извезуваме струија, рече Мискоски.
Учесниците на Форумот ги отвораат прашањата за воспоставување енергетска сигурност и безбедност во регионот, за трансформација на енергетската инфраструктура, за еколошка одржливост, за примената на технологијата и иновациите, како и за финансирањето на реформите кон зелена транзиција.