Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска (11 јуни) изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ја потврдил својата посветеност“ на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа и оти најавата на Хамас за поддршка на резолуцијата на ОН за прекин на огнот е „знак на надеж“.
Советот за безбедност на ОН вчера (10 јуни) го поддржа предлогот на САД за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа и ги повика палестинските милитанти да го прифатат договорот со цел да се стави крај на осуммесечната војна.
Хамас, кој САД и ЕУ го прогласија за терористичка организација, веднаш го поздрави усвојувањето на резолуцијата.
Блинкен смета дека тоа е „знак на надеж“, но оти тоа не е она што може да доведе до конечен договор. Она што би водело кон договор, вели, би бил „збор што доаѓа од Газа и од тамошното раководството на Хамас“.
Видете и ова: Советот за безбедност на ОН ја подржа резолуцијата за примирје во Газа„И тоа е она што е важно. А, тоа е она што го немаме. Чекаме одговор од Хамас“, рече тој.
Високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, за Ројтерс изјави дека радикалното палестинско движење ја прифаќа Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот и е подготвено да преговара за деталите.
„Хамас ја прифаќа резолуцијата на Советот за безбедност на ОН во врска со прекин на огнот, повлекување на израелските војници и размена на заложници за затворениците кои ги држи Израел“, рече Абу Зухри, додавајќи дека американската администрација се соочува со вистински тест да ги исполни своите обврски да го принуди Израел да ја прекине војната за да се спроведе Резолуцијата.
Блинкен рече дека се сретнал со Нетанјаху во понеделникот вечерта и оти тој „ја потврдил својата посветеност на предлогот“.
Американскиот државен секретар најави оти разговорите за плановите за Појасот Газа ќе продолжат во вторник попладне и во следните неколку дена.
„Императив е да ги имаме овие планови“, рече Блинкен.
Видете и ова: Командант на Хамас убиен на Западниот Брег, четворица израелски војници загинаа во РафаВојната во Газа започна по нападот што Хамас го изврши во јужен Израел на 7 октомври кога, според информациите на израелските власти, беа убиени околу 1.200 луѓе, а околу 250 лица беа земени како заложници.
Во последователната израелска офанзива во Газа, пак, според податоците на Министерството за здравство контролирано од Хамас, досега се убиени најмалку 36.700 лица.