Се урна руски воен авион, двајца загинати

Руски воен авион „Сухој-34“ (фотоархива)

Две лица загинаа откако руски воен авион се урна за време на тренинг лет во регионот на Северна Осетија, информираше руското Министерство за одбрана.

Во соопштението оттаму наведуваат дека авионот „Сухој-34“ се урнал во „планинско подрачје“ и оти „нема штета на теренот“. Не е прецизирано кога се случила несреќата.

Од Министерството информираа дека причината за несреќата е технички проблем и за неа е отворена истрага.

Рускиот регион на Северна Осетија се граничи со Грузија и е на околу 800 километри од линијата на фронтот во Украина.

Видете и ова: Украина и Русија со меѓусебни напади со дронови

На 8 јуни тамошните регионалните власти објавија дека Украина извршила напад со беспилотни летала на воениот аеродром во близина на градот Моздок, но оти успеале да соборат три дронови.

Тоа беше прв напад врз Северна Осетија од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година.