Советот за безбедност на ОН ја подржа резолуцијата за примирје во Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации го поддржа американскиот предлог за примирје во Газа. Предлогот предвидува целосно и комплетно примирје, ослободување на заложниците, враќање на останките на мртвите заложници и размена на палестински затвореници.

Четиринаесет од 15-те членки на Советот за безбедност гласаа за предлогот, додека Русија беше воздржана. Во резолуцијата стои дека Израел го прифатил предлогот за примирје, а истото се бара и од Хамас.

Видете и ова: Блинкен на дипломатска турнеја за да обезбеди прекин на огнот во Газа


На овој начин, Советот за безбедност се придружи на бројни влади и на групата Г7, кои го поддржаа триделниот план претставен од Џо Бајден на 31 мај. Бајден тогаш го опиша како израелски предлог за примирје.

Палестинската милитантна група Хамас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека е подготвена да работи со посредниците за спроведување на принципите на планот, пренесува Ројтерс.