Костадиновски: Уставните судии да отвораат предмети по сопствена иницијатива

Дарко Косатдиновски - Претседател на Уставен суд на РСМ

Уставните судии да отвораат предмети по сопствена иницијатива ќе бара новиот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Според него, особено е неопходно да е покаже судски активизам и за секоја одлука за која судиите ќе се посомневаат во уставноста да можат самите да иницираат постапка, а не само како до сега по иницијатива на граѓани.

Сепак не открива дали меѓу првите судиски иницијативи би биле актуелните отворени прашања, како што се двојните функции на Претседателот на Владата и пратеник, Талат Џафери и заклетвата на претседателката Гордана Сиљановска Дафкова во која не го употреби уставното име на државата. Ветува дека ќе се бори за да се врати довербата во правната држава.

„За остварување на тој приоритет неопходни се неколку чекори. Прв чекор е бескомпромисност во обезбедување на независноста и самостојноста на Уставен суд, како и мојата бескомпромисност во обидите за било какви политички влијанија. Ќе предложам седници на Уставен суд да се снимаат и да се емитуваат во живо. За да се врати довербата на граѓаните потребни се похрабри и одлучни чекори“, рече Костадиновски.

Видете и ова: По деветти пат судиите ќе гласаат за претседател на Уставен суд

Костадиновски беше избран за нов претседател на Уставен суд на 4 јуни после повеќе неуспешни обиди за избор на претседател. Тој доби двотретинско мнозинство од гласовите што е услов за да стане прв човек на судот.

Претходно имаше обиди за гласање на Осман Кадриу, Тања Васиќ-Бозаџиева, Ана Павловска-Данева, но откако тие не ги добија потребните шест гласови од вкупно 9 уставни судии. Не очекувал да биде предложен за претседател, но верува дека секој судија гласал по сопствено убедување. Гласањето е тајно, а тој вели дека не ни знаел кои од судиите гласале за него.

„Секој е подобен да биде претседател на судот, но се гледаше да се запазат објективните критериуми. Се внимаваше на МЕРИТ системот на заслуги и вредности“, вели Костадиновски

Костадиновски најави дека е бара да се интервенира во Уставот и да се измени Законот за Уставен суд, бидејќи од 1991 кога е донесен првиот Устав смета дека Уставниот суд институција која е една од најнереформираните во државата.