Ограничен ефект од одобрението на САД за Укринците да дејствуваат на руска територија

Ограничената промена на политиката на Вашингтон, која и дозволува на Украина да користи оружје, обезбедено од САД, за да напаѓа некои руски воени цели во мала област на руска територија, сама по себе не е доволна за да ги наруши операциите на Русија од големи размери, соопшти Институтот за проучување на војната (ISW).

Во извештајот на ИСВ, на 10 јуни, се наведува дека потегот на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја ограничил големината на копнената територија на Русија за максимум само 16 отсто. Ова „ефективно создаде огромно засолниште, кое Русија го користи за да ги заштити своите борбени сили, команда и контрола, логистика и услуги за поддршка на задниот дел, што руската војска го користи за да ги спроведе своите воени операции во Украина“, се вели во извештајот.