Конзервативната коалиција ГЕРБ-СДС, предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов, води на шестите парламентарни избори во Бугарија во изминатите три години. Според првичните резултати, сепак останува неизвесно дали некоја партија може да состави владина коалиција.
Со 36,7 отсто преброени гласови, изутрината на 10 јуни, ГЕРБ-СДС има 23,39 отсто, далеку пред партиите кои се второ и трето место, на изборите, на кои, може да го донесат популистичкиот лидер Борисов, обвинет за корупција од опозицијата, да се врати на власт.
Видете и ова: Како Румен Радев се обидува да стане бугарскиот Виктор Орбан?Делумните резултати покажаа дека Движењето за права и слободи (ДПС) е второ со 16,7 отсто. ДПС традиционално го претставува турското и муслиманското население во земјата, но сега, за прв пат, е предводена од етнички Бугарин, Дељан Пеевски, кој е под санкции за корупција од страна на Соединетите Држави и Велика Британија.
Реформистичката коалиција „Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), поранешен партнер на ГЕРБ во коалициската влада во заминување, беше трета со 14,75 отсто. За време на гласањето на 9 јуни, Борисов изрази сомневање дека која било партија или коалиција ќе може да формира нова влада врз основа на раните индиции за гласање.