Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на денешниот партиски конгрес ја образложил одлуката за повлекување од лидерската позиција, а генералниот секретар Миле Зечевиќ го презентирал извештајот за парламентарните и претседателските избори и резултат. Се отворила и дискусија, но сепак, соопштија од партијата, конгресот се одложил на барање на општинските организации.
„Поради обемниот материјал на Извештајот кој опфаќа политички, оперативен и аналитички дел, општинските организации на СДСМ побараа време за да го анализираат, да се произнесат и да дадат свој придонес, на ниво на општински изборни штабови и на ниво на општински организации во конечната верзија на Извештајот за парламентарните и претседателските избори 2024 година“, велат од СДСМ.
Видете и ова: СДСМ на конгрес ќе го анализира изборниот поразЗасега нема точен датум кога ќе биде свикано продолжение на конгресот. Зависи од тоа кога ќе се произнесат општинските организации.
По поразот на СДСМ на изборите на 8 мај, Ковачевски на седница на Извршниот одбор на партијата на 22 мај официјално потврди дека се повлекува од претседателската функција и иницираше свикување на овој отчетен конгрес.
Пред почетокот на денешниот конгрес Ковачевски изјави оти очекува од него СДСМ да излезе посилен, пообидинет и да влезе во процесот на финализирање на изборот на нов претседател и на новото раководство.
„Она што имав да го кажам, го кажав и на 8 мај и на денот кога официјално се повлеков од функцијата претседател на СДСМ. Очекувам отворена дебата и да се разговара конструктивно и отворено за сите прашања кои што влијаеа на изборниот резултат на овие избори,но и на изборите во 2021 година, бидејќи тогаш не беше одржан отчетен Конгрес. Делегатите ќе имаат за што за што да разговараат“, рече тој.
Видете и ова: Лидерски амбиции во СДСМ има, но сè уште се тактизираЗа наследник на Ковачевски има четворица кандидати: актуелните пратеници и поранешни министри за одбрана и здравство – Славјанка Петровска и Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и актуелниот заменик-министер за информатичко општество и администрација во техничката влада, Александар Бајдевски.
Партискиот статут предвидува дека претседателот го бираат членовите со гласање на непосредни избори. Тие за закажани за 30 јуни.