Ирански Совет на чувари одобри конзервативниот претседател на парламентот на оваа земја и уште пет други кандидати да се кандидираат на претседателските избори на 28 јуни.
Тие беа распишани откако претседателот Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа минатиот месец.
Шефот на парламентот, Мохамад Бакер Калибаф (62), чија кандидатура Советот ја одобри денеска (9 јуни), е поранешен воен командант и се смета за потенцијален фаворит.
Видете и ова: Иранскиот собраниски спикер потенцијален фаворит за претседателските избориВо говор минатата недела, врховниот водач на Иран ајатолахот Али Хамнеи, се чинеше дека ја сигнализира својата поддршка за Калибаф, велат аналитичарите.
Советот, исто така, ги одобри кандидатурите и на реформскиот пратеник Масуд Пезешкијан; Саид Џалили, поранешен нуклеарен преговарач и претставник на Хамнеи во Врховниот совет за национална безбедност; градоначалникот на Техеран Алиреза Закани; конзерватицецот Амир Хосеин Казизадех Хашеми, кој беше заменик на загинатиот претседател Раиси; и Мостафа Пурмохамади, тврдокорен поранешен министер за внатрешни работи и правда.
Одбиена е кандидатурата на поранешниот претседател Махмуд Ахмадинеџад, популист кој спроведе жестока борба против неистомислениците откако имаше реакции за неговиот спорен реизбор во 2009 година.
Советот, исто така, ја отфрли предложената кандидатура на Али Лариџани, поранешен претседател на парламентот.
На 7 јуни, владата издаде строги упатства за медиумите за време на скратената изборна кампања.
Видете и ова: Ограничувања за иранските медиуми пред претседателските избориСпоред прописите, секоја содржина за која се смета дека има за цел да ја обесхрабри излезноста на гласачите или да промовира бојкот на изборите, како и да организира каква било форма на нелегални протестни собири, штрајкови или демонстрации, сега е класифицирана како „криминална“.
Поранешниот претседател Раиси, министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан и неколку други функционери на Иран загинаа на 19 мај кога хеликоптерот со кој патуваа се урна во лоши временски услови во планинска област во близина на границата со Азербејџан.