На партиски конгрес, СДСМ денеска (9 јуни) ќе ги анализира причините за резултатите од парламентарните избори што се одржаа на 8 мај.
Партијата која беше на власт во последните речиси седум години, на изборите доживеа пораз и освои само 18 пратенички мандати.
Поранешниот премиер и сè уште актуелен лидер, Димитар Ковачевски на седница на Извршниот одбор на партијата на 22 мај официјално потврди дека се повлекува од претседателската функција во СДСМ.
„И јас и партиското раководство имаме одговорност, исто како што имаат одговорност и сите именувани и избрани функционери, вклучително и сите партиски функционери на локално и централно ниво. Никој реално не е без одговорност“, напиша Ковачевски во дописот до сопартијците.
Видете и ова: Лидерски амбиции во СДСМ има, но сè уште се тактизираПаралелно со свикувањето на денешниот отчетен конгрес, во СДСМ започна постапката за избор на нов лидер и целосно ново раководство.
Партискиот статут предвидува дека претседателот го бираат членовите со гласање на непосредни избори. Тие за закажани за 30 јуни.
За наследник на Ковачевски има четворица кандидати: актуелните пратеници и поранешни министри за одбрана и здравство – Славјанка Петровска и Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и актуелниот заменик-министер за информатичко општество и администрација во техничката влада, Александар Бајдевски.