Во Косово уапсен Русин поради илегално преминување на границата

На осомничениот му е одреден притвор.

Косовската полиција соопшти дека уапсила руски државјанин во селото Грижан кај Звечан, откако било докажано дека не влегол на регуларен начин во Косово.

Апсењето било извршено на 7 јуни, а информацијата за него е објавена во 24-часовниот полициски извештај.

Со решение на обвинителот, на осомничениот му е одредена мерка притвор.

Косовската полиција на 13 мај годинава депортираше двајца руски државјани, кои исто така на 6 мај беа приведени поради илегално преминување на границата.

Видете и ова: Хил: САД се задоволни од односот на Србија кон Украина и од дијалогот со Косово

Сите руски граѓани, вклучително и оние со дипломатски пасоши, кои сакаат да влезат, транзитираат или да останат во Косово мора да имаат виза.

Ваквата одлука косовските власти ја донесоа во 2022 година.

Дотогаш, на руските државјани со дипломатски и службени пасоши им беше дозволен влез без виза, но само за транзит и престој до 15 дена на територијата на Република Косово.

Од друга страна, пак, Русија не го признава државјанството на Косово.

Сепак, двете земји имаат формални односи. Руската канцеларија за врски во Приштина е отворена од 2005 година, иако нејзината активност не е многу видлива за јавноста.