Украина и Русија со меѓусебни напади со дронови

Украинската воздушна одбрана пресретна беспилотно летало „Шахед“ над Киев, 30 мај.

Во текот на ноќта на 8 јуни, Украина и Русија разменија напади со беспилотни летала, при што двете страни објавија дека ги собориле најголемиот дел од дроновите.

Командантот на воздухопловните сили, генерал-полковник Микола Олешчук, соопшти дека украинската воздушна одбрана соборила девет од 13 руски беспилотни летала во раните утрински часови.

Тој рече дека деветте дронови „Шахед“ од иранско производство, воздушната одбрана ги пресретнала нат четири региони: централниот регион Полтава, југоисточниот регион Запорожје и Днепропетровск, како и над регионот Харкив на североистокот.

„Соборена е и руска ракета Х-59, лансирана од регионот Курск“, рече Олешчук.

Видете и ова: Руската агресија значи дека во Европа повеќе нема мир, рече Зеленски

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека нивната противвоздушна одбрана пресретнала 27 украински беспилотни летала, вклучително и над Северна Осетија, што го означува првиот напад со беспилотни летала врз овој регион откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека нивната противвоздушна одбрана пресретнала 27 украински беспилотни летала, вклучително и над Северна Осетија, што го означува првиот напад со беспилотни летала врз овој регион откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Гувернерот на Северна Осетија, Сергеј Мењаило, рече дека целта била воениот аеродром во Моздок.

Според руското Министерство, украински дронови биле соборени и над Краснодар, Астрахан, Белгород, Брјанск, Ростов, Тула и Северна Осетија. Исто така, се тврди дека беспилотни летала биле пресретнати и над полуостровот Крим кој е анектиран од Русија.

Руските власти немаат информации за жртви, но соборувањето на беспилотните летала предизвика одредени штети во неколку региони, вклучително и Северна Осетија и Белгород.

Видете и ова: Макрон и Бајден во Париз ќе разговараат за Украина

Еден ден претходно, Владимир Салдо, шефот на руските окупациски власти во јужниот украински регион Херсон, изјави дека 22 лица биле убиени, а 15 биле повредени во градот Садове при гранатирање од страна на украинските сили.

На 8 јуни, Леонид Пашечник, гувернер инсталиран од Русија во делумно окупираната украинска област Луганск, рече дека таму уште две тела биле извлечени од урнатините по украинските ракетни напади врз регионалната престолнина на 7 јуни. Со тоа бројот на загинати во Луганск се искачи на пет.