Соединетите Американски Држави воведоа визни ограничувања за десетици грузиски службеници поради усвојувањето на законот за „странски агенти“.
Законот предизвика неколкунеделни масовни протести и критики дека наликува на репресивни закони што ги користи Кремљ за да го задуши несогласувањето и да ја одврати Грузија од евроатлантскиот пат.
Потегот, објавен на 6 јуни од портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, доаѓа откако претседателот на парламентот Шалва Папуашвили го објави законот на 3 јуни, откако пратениците од владејачката партија Грузиски сон го надгласаа ветото на претседателот Саломе Зурабишвили на спорниот закон.
Стотици луѓе беа уапсени за време на протестите против законот. Некои од демонстрантите кои беа приведени за време на демонстрациите кои беа разбиени со солзавец, водени топови и, наводно, гумени куршуми кои ги повредија противниците и новинарите, може да се соочат со години затвор по поднесени кривични пријави.
„Оваа прва фаза од визните ограничувања вклучува членови на партијата Грузиски сон, членови на парламентот, полиција и други граѓани. Ова ги вклучува индивидуите кои се одговорни или кои учествуваат во поткопувањето на демократијата во Грузија, како што е поткопување на слободата на мирно собирање и здружување, насилно напаѓање мирни демонстранти, заплашување претставници на граѓанското општество и намерно ширење дезинформации“, изјави Милер за новинарите.
Видете и ова: Претседателот на грузискиот парламент го потпиша контроверзниот закон за „странски агенти“
Вашингтон, кој беше еден од главните поддржувачи на интеграцијата на Грузија во западните институции, во изминатите неколку години на Тбилиси му даде помош од 390 милиони долари.
„Овие дејствија ризикуваат да ја попречат европската иднина на Грузија и се спротивни на грузискиот устав и желбите на нејзиниот народ“, рече Милер, без да ги идентификува санкционираните лица поради законите за визната доверливост.
Тој рече дека „неколку десетици“ луѓе биле казнети поради нивната улога во промовирањето на законот и задушувањето на протестите.
„Останува да се надеваме дека лидерите на Грузија ќе ги преиспитаат своите постапки и ќе преземат чекори за да продолжат со долгогодишните демократски и евроатлантски аспирации на нивната нација“, рече Милер за новинарите.
Видете и ова: Илјадници грузиски демонстранти протестираат против законот за „странски агенти“„Но, ако не го сторат тоа, САД се подготвени да преземат дополнителни активности“, рече тој.
Опозицискиот пратеник Леван Хабеишвили, лидер на водечката опозициска партија Обединето национално движење (УНМ), го поздрави потегот на САД и рече дека усвојувањето на законот ќе биде придружено и со економски последици.
„Пратениците кои гласаа за „рускиот закон“ и полицајците кои ги растераа мирните демонстранти се најдоа под санкции и ова е само почеток. Каков инвеститор ќе влезе или ќе остане во таква земја?! Под водство на основачот на партијата Грузиски сон, Биџин Иванишвили, Економскиот колапс е неизбежен Деструктивноста на тимот на Иванишвили удира по џебовите на грузиските граѓани“, истакна Милер.
Политичарот и претприемач Мамука Хазарадзе, лидер на центристичката политичка партија Лело за Грузија, рече дека со санкционирањето на „предавничките“ политичари на Грузиски сон, САД ги поддржуваат аспирациите на Грузијците кон Западот.
Видете и ова: Грузиските невладини ќе го оспорат законот за „странски агенти“ пред уставните и европските судови„Америка уште еднаш ја потврди својата непоколеблива поддршка за грузискиот народ“, напиша Хакарадзе на социјалните мрежи, повикувајќи ги своите сонародници да ги искористат своите гласови на претстојните парламентарни избори во октомври за да донесат промени.
„Соединетите Американски Држави презедоа акција. Се приближува првиот бран на санкции против предавничката влада. Сепак, мораме да запомниме дека колку повеќе владата се оддалечува од демократијата и се приближува до Русија, толку повеќе ќе ѝ наштет на земјата и на нашите меѓународни интереси. Ова е предавство на иднината! Сега е наш ред да вложиме уште повеќе напори за конечно да обезбедиме победа во октомври!“, додаде тој.
Во првата реакција на владата за санкциите, министерката за култура Теа Цулукиани, го нарече потегот на Вашингтон „грешка“ и повика истиот да се повлече.
„Можеме со сигурност да кажеме дека ова е една грешка која, на нивна и на наша несреќа, САД ја прават во односите со својот стратешки партнер. САД очајнички треба да го ресетира овој однос“, истакна Цулукиани.
Папуашвили на 3 јуни рече дека Министерството за правда ќе развие алатки за спроведување на законот во рок од 60 дена, по што сите невладини организации и медиумски групи кои добиваат финансиска поддршка од странство ќе треба да се регистрираат и да ги пријават своите финансии за 2023 година.