Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговата земја ќе и испрати на Украина борбени авиони „Мираж 2005“, а француската армија ќе ги обучува украинските пилоти.
Макрон повтори дека на Украина треба да и се дозволи да користи оружје обезбедено од нејзините западни сојузници за да ги гаѓа руските воени цели и да ги „неутрализира точките од кои земјата се напаѓа“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера присуствуваше на комеморацијата за сојузничката инвазија на Нормандија во 1944 година со светските лидери во Франција и повторно побара дополнителна помош од Западот.
Зеленски и неговата сопруга Олена денеска ќе се сретнат со француските претставници во Париз