Врховниот судија Исамедин Лимани и судијата од битолското апелациско подрачје Александар Камбовски се нови членови на судскиот совет, откако денеска, на 6 јуни, судиите гласаа за избор на нови членови.
Како што соопштија од изборната комисија во судскиот совет, Лимани од редот на врховните судии добил 7 гласа, додека неговиот против кандидат судијката Цветанка Периќ, која иако се повлече сепак остана на избирачкото ливче, добила 2 гласа.
Вкупно две ливчиња за избор на член на советот од редот на врховните судии биле неважечки, а две воопшто не биле ниту искористени.
Од друга страна пак, од редот на судиите од битолското апелационо подрачје, над 40 судии бираа меѓу кандидатите Александар Камбовски, кој освои најмногу 28 гласа, потоа Татјана Сусулеска 10 гласа и судијката Александра Поп-Стефанија од основниот суд Охрид 3 гласа.
Од вкупно 43 судии со право на глас од битолското апелационо подрачје, своето право го оствариле 42, а едно ливче било неважечко.
Видете и ова: Судијката Периќ останува на ливчето кандидат за нов член на Судскиот совет и покрај нејзиното повлекувањеПо денешното гласање Судскиот совет повторно ќе биде комплетен, но пред него се нови предизвици и реформи.
Oценската мисија на ЕУ во декември минатата година го достави Извештајот за функционирањето на Судски совет со 40 краткорочни и среднорочни препораки за подобрување на неговото функционирање.
Препораките, како што информираа тогаш од Делагацијата на Европската унија се групирани во шест сегменти - структура и компетентност на самиот Судски совет, мандатот на неговите членови, процесот на селекција и изборот на судии, дисциплинските постапки, прашањето на транспарентност и комуникација со јавноста и ресурси и финансирање.