Министерството за здравство соопшти дека Владата, денеска, на 6 јуни, на седница ја усвоила информацијата за состојбата во хируршките клиники при Универзитетскиот Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје, а во врска со проблемот со компресорската станица, при што донесен е заклучок за замена на опремата на централната компресорска станица со нова опрема.
„Се укажува, јавните установи од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и Ургентен центар Скопје да спроведат замена на опремата на централната компресорска станица со нова опрема, како и замена на инсталацијата и дислокација на централната компресорска станица. Се укажува, јавните установи од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје во рок од една недела да достави до Владата на Северна Македонија оперативен план за спроведување на активностите“, стои во заклучоците од седницата.
Видете и ова: Трајановски: Со надворешни компресори на хируршките клиники изведени 70 операцииПред три дена, во понеделникот заменик министерката за здравство Маја Манолева, донесе и наредба универзитетските клиники кои се сместени во зградата на хируршки клиники во Клиничкиот центар операционите сали да отпочнат со работа со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух.
Министерството за здравство ќе укаже до клиниките да набават надворешни компресори со цел функционирање на установите со итен и елективен програм, стои во соопштението од Министерството за здравство.