Заедно за Каталонија, партијата предводена од Карлес Пуџдемон се обрати до Парламентот на Шпанија со барање да се признае независноста на Косово.
Шпанија е една од петте земји на Европската унија (ЕУ) - заедно со Кипар, Грција, Словачка и Романија - кои не го признаа Косово откако прогласи независност во февруари 2008 година.
Во писмото на таа партија се споменува и одлуката на Меѓународниот суд на правдата од 2010 година, во која се наведува дека прогласувањето на независноста на Косово не е во спротивност со меѓународното право.
Се споменува и дека Косово го признале повеќе од 100 земји.
„Шпанското одбивање да признае држава која го искористила своето легитимно право на самоопределување е пречка за европската политика за интегрирањето на Западен Балкан во ЕУ. И ова одбивање е дестабилизирачки фактор во тој контекст, во контекст на војната во Украина, која овој дел од Европа ја доживува со особена вознемиреност“, се наведува во предлогот за признавање на Косово.
Видете и ова: По признавањето на Палестина, Шпанија тврди дека одлуката да не го признае Косово останува иста„Во оваа смисла“, пишува во барањето, „не е прифатливо шпанската држава да ја дели истата стратегија како Русија, Кина или Белорусија, со тоа што одбива да го признае Косово“.
На 28 мај, шпанските власти за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјавија дека земјата не го променила ставот за признавањето на Косово.
По официјалното признавање на палестинската држава, официјален Мадрид за РСЕ соопшти дека ситуацијата на Косово е сосема поинаква.
Зошто Шпанија не го признава Косово?
Се смета дека главната причина за непризнавањето на Косово е поврзана со односот на Шпанија кон аспирациите на нејзиниот североисточен регион Каталонија да стане независен.
Овој регион имаше неколку неуспешни обиди за отцепување од Шпанија, додека Мадрид остро се спротивстави на овој потег.
„Ситуацијата во Палестина е поинаква. Признавањето на државата Палестина не влијае на територијалниот интегритет на Израел, бидејќи таа територија никогаш не била законски дел од државата Израел“, изјави Елена Алјарила Кортезон, советник за медиуми во Министерството за надворешни работит работи на Шпанија, во одговор за РСЕ.
Видете и ова: Шпанија ги призна косовските пасоши, но не и независностаВо писмото на партијата Заедно за Каталонија се посочува дека признавањето од преостанатите пет земји од ЕУ кои не го сториле тоа ќе му овозможи на Косово да напредува во интегративните процеси.
Прашањето за шпанското признавање на Косово било разговарано на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на 27 мај во Брисел.
Некои извори за РСЕ велат дека во таа прилика имало отворен спор меѓу партиите од Германија и Шпанија.
Додека Германија беше „многу убедлива“ во тврдењето дека Косово треба да се признае, „Шпанија беше во дефанзива, тврдејќи дека Косово не е на агендата“.
Во јануари годинава Шпанија ги призна пасошите на Косово, откако граѓаните на Косово, според одлуката на ЕУ, почнаа да патуваат без визи во Шенген зоната.