Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот, на 6 јуни, на церемонијата по повод 80-годишнината од истоварувањето на сојузничките трупи во Нормандија, рече дека неговата земја и НАТО нема да се откажат од одбрана на Украина и нема да дозволат Русија да и се заканува на Европа.
Тој рече дека Украина, која е во војна со Русија, била нападната од „тиранин со намера да доминира“ и дека демократијата сега е позагрозена од кога било уште од Втората светска војна.
„Нека нема сомнеж, нема да се поклониме, не можеме да им се предадеме на насилниците, тоа е едноставно незамисливо. Ако го направивме тоа, ќе значи дека ќе заборавиме што се случи овде на овие свети плажи. Слободата ќе биде загрозена, цела Европа ќе биде загрозена“, рече Бајден во Колвил-сур-Меру.
„Денот Д“ беше најголемиот амфибиски напад во историјата, а Бајден го нарече „моќна илустрација за тоа како вистинските сојузи не прават посилни“.
Тој додаде и дека тоа е „лекција за која се Американците никогаш да не ја заборават“.
„Од „Денот Д“ научивме дека слободата чини пари“
Илјадници луѓе, вклучително и многумина во униформи од Втората светска војна, се собраа долж неколку километри на плажата Јута за да ја одбележат 80-годишнината од истоварувањето во Нормандија, Јута беше една од петте плажи за слетување на брегот на Нормандија, каде што слетаа сојузничките трупи на 6 јуни 1944 година.
Ветераните од Втората светска војна, кои сега имаат околу 100 години, се почесни гости на настанот.
Оваа година, церемонијата во Нормандија е можност сојузниците да изразат солидарност со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е еден од државниците кои присуствуваат на прославите.
Видете и ова: Светските лидери ја одбележуваат 80-годишнината од „Денот Д“Франција, која е домаќин на настанот, не ја покани Русија, сојузникот од Втората светска војна, со образложение дека руската „агресивна војна против Украина се интензивира во последните недели“.
Данската премиерка Мете Фредериксен рече дека овогодинешното одбележување на истоварувањето во Нормандија, во време кога Русија е во војна со Украина, претставува потсетник дека има цена за одбрана на слободата.
„Од Денот Д научивме дека слободата чини пари“, истакна Фредериксен, која присуствуваше на церемонијата за одбележување на 80 години по истоварувањето на сојузниците.
„Осумдесет години подоцна, Европа повторно е во судбоносен момент. Европскиот континент повторно се бори за слобода“, рече таа.
Борбата се води, како што наведе таа, „против агресивен и брутален непријател кој насилно ќе ги диктира границите на земјата и ќе остави трага на смрт и уништување“.
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ја отвори тридневната прослава по повод 80-годишнината од истоварувањето на сојузниците.
Првпат без претставник на Русија на комеморацијата
На прославите присуствуваат многу западни државници, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден. Најавено е дека во Франција ќе бидат и британскиот крал Чарлс Трети, германскиот канцелар Олаф Шолц, италијанскиот претседател Серџо Матарела.
Јубилејот, 80-годишнината од „Денот Д“ се слави во време кога во Украина се води најголемата војна во Европа уште од 1945 година.
Владимир Путин не беше ниту на 75-годишнината, но присуствуваше руски претставник.
Франција, како домаќин, го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски поради „праведната борба“ на неговата земја.
Слетувањето во Нормандија, со кодно име „Операција надлорд“, беше најголемата поморска инвазија во историјата на војувањето.
Сојузничките десантни сили се состоеле од 73.000 американски, повеќе од 60.000 британски и над 20.000 канадски војници, поддржани од француски командоси.
Околу 1,5 милиони американски војници пристигнаа во Англија во пресрет на инвазијата.
156.000 војници со речиси 7.000 бродови од 13 земји учествуваа во операцијата „Мајстор“, која започна со истоварување на пет плажи долги 80 километри. Наспроти беа 50 илјади германски војници. Авионите извршиле 14.000 прелети за да ги прикријат слетувањата. На ова му претходеше слетување на 18.000 падобранци зад непријателските линии.
Бурните води ја отежнаа операцијата и многу единици слетаа далеку од својата дестинација.
Првично, Хитлер веруваше дека инвазијата е измама за да се сврти вниманието на Германија од напад северно од реката Сена. Затоа одбил да испрати блиски дивизии да помогнат. Сепак, германските трупи дадоа силен отпор.
Видете и ова: Бајден во Франција на прославата на „Денот Д“ , средби со Макрон и ЗеленскиПрвиот ден загинаа 4.414 сојузнички војници, а меѓу четири и девет илјади Германци. Во битката за Нормандија, која заврши на крајот на август со ослободување на Париз и поголемиот дел од Франција, загинаа 73.000 сојузнички војници.
20.000 француски цивили исто така загинаа, главно во бомбардирањето на сојузниците. Меѓу многуте погребани во Нормандија има и 22.000 германски војници.
Сојузничките трупи го продолжија ослободувањето на Западна Европа. На крајот со советските трупи, кои први влегоа во Берлин, ја принудија нацистичка Германија да капитулира на 8 мај 1945 година.