Александар Бајдевски, кој е актуелен заменик-министер за информатичко општество и администрација во техничката влада во заминување, денеска, 6 јуни, ја поднесе својата кандидатура за претседател на СДСМ, објави партијата на социјалната мрежа Фејсбук.
„Денеска во седиштето на СДСМ, кандидатура за Претседател на партијата на внатрепартиските непосредни избори поднесе и Александар Бајдевски“, се посочува во објавата на СДСМ.
Рокот за поднесување кандидатури за претседател на СДСМ завршува денеска.
Видете и ова: Филипче, Петровска и Деспотовски во трката за нов лидер на социјалдемократитеБајдевски е петтиот кандидат за претседател на СДСМ, откако претходно своите кандидатури ги поднесоа Славјанка Петровска, Венко Филипче, Јован Деспотовски и Златко Ристовски.
Постапката за кандидирање започна на 31 мај. Право да поднесат претседателска кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите, меѓу кои, да имаат најмалку петгодишно членство во СДСМ и најмалку еднаш да биле избрани од партискиот конгрес за член на некој од органите на партијата.