Љупчо Палевски Палчо денеска бил на повеќечасовен распит во Обвинителството каде негирал каква било поврзаност со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и во своја одбрана посочил докази кои дополнително ќе бидат доставени, според адвокатот Марјан Витановски кој информираше по завршувањето на распитот.
Распитот на Палевски доаѓа откако Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 31 мај поднесе Обвинителен акт против и други три лица поврзани со двојното убиство на четиринаесетгодишното девојче Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес.
Тројцата од обвинетите се гонат за делата: убиство и грабнување, кои се казниви според Кривичниот законик.Таткото на девојчето (А. Ѓ) е обвинет за помагање во кривичното дело- Грабнување од Кривичниот законик.
Видете и ова: Oбвинение против четворица за убиствата на Вања и Панче, за двајца продолжува постапкатаКако причини поради кои е посочен како обвинет во постапката Палевски навел дека се работи за претходни непријателства, па дури и како што рече адвокатот Витановски, некакви политички недоразбирања со определени претставници од власта.
„Обвинениот даде исказ пред Обвинителството, во целост негира конкретна поврзаност со кривичното дело, негира поврзаност со обвинетите по кој било основ, негира постоење на каков било договор за сторување на ова кривично дело, тврди дека не е виновен и дека не презел ниту едно дејствие како што е наведено во наредбата за негово спроведување на истрага. Даде одбрана посочувајќи факти и определени докази кои дополнително ќе ги доставиме. Не знаеме со какви докази располага обвинителството, бидејќи до оваа фаза на постапка немавме ниту можност да извршиме увид“, рече Витановски.
Ѓорчевска и Жежовски кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023 година, а беа пронајдени мртви во близина на Велес и на Скопје на 3 декември.
Палевски на 6 декември 2023 година беше уапсен во Баликесир, Турција, а потоа во отсуство му беше одреден 30-дневен притвор.
Тој на 15 мај 2024 година беше екстрадиран од Турција и спроведен во Истражниот затвор Шутка. На 21 мај беше изведен пред судија на претходна постапка.
Видете и ова: Нови 30 дена притвор за осомничениот за двојно убиство Љупчо Палевски - ПалчоАдвокатот Витановски, денека рече дека како одбрана имале докази да го потврдат она што Палевски го кажал денеска.
„За сите наводи, со какви докази располага Обвинителството, сметам дека сигурно има признание на останатите обвинети бидејќи за нив веќе има покренато обвинение. Меѓутоа, засега се работи за вербални докази, дали дека некој од останатите обвинетите или само поединци го посочуваат него како сторител на кривичното дело односно дека ги има убиено малолетната Вања и пензионерот Панче“, рече Витановски.
Од Оцновното јавно обвинителство на 31 мај наведоа дека обвинителниот акт се темели на вербални и материјални докази во однос на дејствијата на обвинетите, но посочија дека со оглед на тоа што постапката против првоосомничениот Плевски продолжува, „јавното обвинителство не е во можност да споделува детали во однос на доказниот материјал.“