Талибанците јавно камшикуваа десетици луѓе на спортски стадион во северен Авганистан, откако ги обвинија за „морални злосторства“.
Врховниот суд на Талибанците во соопштение соопшти дека на 4 јуни 63 лица, меѓу кои 15 жени, биле камшикувани во провинцијата Сар-е Пол во присуство на локални претставници.
Судот рече дека камшикуваните биле обвинети за кражба и таканаречени морални злосторства, вклучувајќи прељуба, хомосексуалност и бегство.
Јавните казни се зголемуваат во Авганистан, кој е под контрола на талибанците од август 2021 година.
Видете и ова: Талибанците се тргнати од казахстанската листа на терористиДуховниот водач на исламистичката група, Мула Хаибатула Ахунџада, во ноември 2022 година нареди враќање на исламските казни кои дозволуваат одмазда „око за око“ и физичко казнување, како што е камшикување или дури и сечење екстремитети.
Оттогаш, стотици луѓе низ Авганистан се јавно камшикувани или им се ампутирани делови од телото за злосторства како кражба и прељуба.
Екстремистичката група, исто така, јавно егзекутирала најмалку пет лица осудени за убиство.
Егзекуциите и казните ја нагласија посветеноста на Талибанците да ги наметнат нивните екстремистички толкувања на шеријатскиот закон.
Казните предизвикаа остри критики од организациите за човекови права и од Авганистанците.