Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во четврток на 6 јуни ќе го врачи мандатот за состав на Влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, соопшти кабинетот на претседателот.
Рокот за доставување на мандатот завршува на 7 јуни, откога почнува да течат 20 дена за формирање влада.
Видете и ова: ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе измените на законот за нова реорганизација на министерстватаНајавата на претседателката Сиљановска Давкова за доделување на мандатот на Мицкоски доаѓа откако претходно имаше преговори за формирање на влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Вреди и Колацијата ЗНАМ.
ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори на 8 мај освои 58 мандато, Коалицијата Вреди 14, а ЗНАМ 6 мандати.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски претходно изјави изјави дека новата Влада ќе биде формирана согласно уставните рокови.