Специјалното обвинителство на Косово на 5 јуни соопшти дека се уапсени две лица осомничени за шпионажа.
Во соопштението се наведува дека по повеќемесечна истрага се уапсени двајца косовски државјани.
„Денеска во соработка со полицијата и Косовската разузнавачка агенција беа извршени рации на две локации во Косово и се уапсени двајца осомничени за кривично дело „шпионажа“ од член 124 од Кривичниот законик“, соопшти обвинителството.
Видете и ова: Американската амбасадорка во НАТО ги повика земјите од Западен Балкан да трошат повеќе за одбранатаКако што додаваат, на осомничените им е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.
Обвинителството најави дека против нив ќе ги преземе „сите потребни истражни дејствија“.
Не се соопштуваат други детали за случајот.