Украинските мажи на возраст за регрутација кои имаат двојно државјанство или странски дозволи за престој не смеат да ја напуштат Украина од 1 јуни, изјави претставникот на украинската погранична служба Андриј Демченко.
Според сегашното законско решение Украинците на возраст од 18 до 60 години не смеат да ја напуштат земјата.
Киев не признава двојно државјанство и смета дека неговите граѓани се украински државјани.
„Порано им дозволувавме на лицата со двојно државјанство или на Украинците со постојани дозволи за престој во странство да ја напуштат земјата, но не повеќе“, рече Демченко на Телеграм.
Украинците објавуваат видеа на социјалните мрежи кои ја потврдуваат оваа информација.
На едно од нив се гледаат гранични полицајци како исфрлаат од автомобил млад човек кој има дозвола за постојан престој во Полска од 2021 година. Лицето кое го објави видеото вели дека на 20 мај младиот човек ја напуштил Украина без никакви проблеми.
Видете и ова: Бајден ќе разговара со Зеленски откако не го поддржа влезот на Украина во НАТОАмериканската амбасада во Киев потврди дека се воведени нови правила.
На нивната веб-страница беше објавена порака за американски државјани кои поседуваат и украински пасош.
Амбасадата истакна дека мажите на возраст од 18 до 60 години кои имаат украинско и американско државјанство повеќе нема да можат да ја напуштат Украина.
Тие рекоа дека имаат ограничени можности да влијаат врз украинското законодавство, особено врз спроведувањето на воената состојба и законите за мобилизација за украинските граѓани.
„Ако сте во Украина и не можете да ја напуштите земјата, најдете засолниште и следете ги сите локални регулативи“, велат од амбасадата.
Тие им предложија на мажите на возраст од 18 до 60 години, кои имаат украинско и американско државјанство, и кои не сакаат да останат во Украина на неодредено време, да не патуваат во таа земја.
Видете и ова: „Подготовка за лошо сценарио“: Летонија ja зацврстува границата со Русија„Постои исклучително висок ризик да не ви биде дозволено да заминете, дури и со американски пасош“, велат од амбасадата.
Во мај, во Украина стапи на сила нов закон за мобилизација, кој бара од сите мажи на возраст од 18 до 60 години да ги ажурираат своите информации во територијалните центри за регрутирање (поранешни воени комесаријати).
Рокот за тоа е 60 дена, а доколку информациите не се ажурираат во таа временска рамка, може да се издаде налог за лицето и да се изрече парична казна.