Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека негово човеково право гарантирано со многу конвенции е правото на слобода на изразување и говор и дека затоа како што рече „мојата татковина во секоја моја изјава е Македонија и ќе остане Македонија“.
„Не очекувам талибански однос, цензурирање на елементарно човеково право, а се што е содржано во Преспанскиот договор и дел од нашиот правен систем и уставен поредок идната влада на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го почитува. Вклучително еве и решенијата за пратеници коишто ги добивме, ги добивме со придавката содржана“, рече Мицкоски.
Ваквиот коментар на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако премиерот на Грција Киријакос Мицотакси минатиов викенд рече дека очекува Мицкоски да го користи името Северна Македонија.
Видете и ова: Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна Македонија „ерга омнес“Мицотакис истакна дека прашањето ќе го покрене и на претстојниот НАТО Самит.
„Секако дека ќе го покренам прашањето на Самитот на НАТО за 75-годишнината од формирањето на Алијансата. И навистина би го охрабрил раководството на Скопје да не го стави во опасност европскиот тек, кој нашата земја го има поддржано, кој мислам дека и самите граѓани го посакуваат“, вели Мицоткаис.
ВМРО-ДПМНЕ ги финишира преговоритите со партиите за составување на новата влада, откако на парламентарните избори на 8 мај остови најмногу мандати 58. Партијата преговараше со Коалицијата ВЛЕН од албанскиот блок која остови 13 мандати и Коалицијата ЗНАМ која освои 6 мандати во Собранието. Се очекува во четврток претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова ќе му го додели мандатот за формирање нова влада на Мицкоски.
Видете и ова: Влада ќе се формира нешто порано од роковитеЗачестените реакции за употребата на името, најмногу од соседна Грција, доаѓаат откако новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска Давкова при положувањето на свечената заклетва при стапувањето на должноста претседателка го употреби името Македонија наместо уставното име на државата Република Северна Македонија.
Мицкоски денеска рече дека целокупната институционална комуникација која што е дел од законите и Уставот, ќе биде почитувана „се додека тие закони и Устав се во сила онакви какви што се“, рече тој.
Видете и ова: Сиљановска-Давкова: Да се обидеме да бидеме „скандинавци“ со соседитеАко на Самитот во НАТО се отвори тоа прашање, Мицкоски рече, дека неговата порака ќе биде дека би сакал да гради мостови на соработка, на пријателство со нашите соседи, вклучително и со нашиот јужен сосед, источен, северен западен.
„Иако не би сакал, може не само таму (Самитот на НАТО), туку на било кој форум да отвориме дебата па да видиме кој колку реализирал од Преспанскиот договор“, рече Мицкоски.
Македонија на 17 јуни 2018 потпиша договор со соседна Грција за промена на името во Република Северна Македонија. Овој договор стапи на сила на 12 февруари 2019 година, откако тогаш Република Македонија го смени Уставот и официјалното име на државата беше променето во Република Северна Македонија.