Американскиот претседател Џо Бајден ќе се сретне со неговиот украински колега, Володимир Зеленски, за време на неговиот престој во Франција оваа недела, за да најдат начин за дополнителна поддршка на Киев во неговата борба против Русија, но не и со поканата за НАТО што Украина ја бара.
Белата куќа објави дека двајцата лидери ќе се сретнат за време на комеморацијата за истоварувањето на сојузниците во Нормандија пред 80 години, пишува РСЕ на англиски јазик.
Бајден за настанот пристигна во Франција на 5 јуни.
Средбата ќе биде прва меѓу двајцата лидери откако американскиот Конгрес на 20 април го одобри пакетот воена помош за Украина во вредност од 61 милијарда долари.
Средбата меѓу Бајден и Зеленски доаѓа веднаш откако американскиот претседател во интервју за магазинот „Тајм“ изјави дека не го поддржува членството на Украина во НАТО.
Инаку, ставот на Бајден е спротивен на ставот на шефот на Алијансата, Јенс Столтенберг, што најверојатно ќе предизвика прашања кај Зеленски.
„Додека е во Нормандија, тој ќе има можност да се сретне со претседателот Зеленски и да разговара со него за ситуацијата во Украина и како можеме да продолжиме и да ја продлабочиме нашата поддршка за таа земја“, рече советникот за национална безбедност Џејк Саливан.
Видете и ова: Американски државјанин осуден во Русија за „рехабилитација на нацизмот“Како што најави, Бајден исто така ќе има можност да се види и со Зеленски на самитот на Г7 во Италија неколку дена подоцна.
Во опширното интервју за Тајм на 4 јуни, Бајден истакна дека мир значи „да се осигура Русија никогаш да не ја окупира Украина“.
Сепак, како што додаде, „тоа не значи дека тие се дел од НАТО“.
„Тоа значи дека имаме односи со нив, како и со другите земји на кои им доставуваме оружје за да можат да се бранат во иднина. Но, јас не сум подготвен да ја поддржам НАТОизацијата на Украина“, рече Бајден.
Состанокот доаѓа во време кога украинските сили се соочуваат со тешка ситуација на бојното поле.
Русија ги засили речиси секојдневните напади врз цивилни цели во североисточниот регион Харкив, каде Москва се обидува повторно да воспостави мост, како и во источниот регион Доњецк каде што продолжуваат интензивните борби.
Видете и ова: Бајден во Франција на прославата на „Денот Д“ , средби со Макрон и ЗеленскиЗеленски на 7 јуни во Париз ќе се сретне и со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти Елисејската палата.
Во меѓувреме, италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека Зеленски ќе учествува на самитот на Г7 на најразвиените земји што ќе се одржи на 13 и 15 јуни во таа земја.
Аспирациите на Киев за влез во НАТО се зголемија откако Москва ја започна својата инвазија врз Украина во февруари 2022 година.
Украина се приклучи на планот на НАТО Партнерство за мир уште во 1994 година, а во септември 2022 година поднесе барање за членство во Алијансата, откако Русија објави дека припоила дел од југоисточна Украина.